Свет Свет Москва: НАТО почна медиумска војна

Москва: НАТО почна медиумска војна

Инцидентот во кој руски авиони случајно го повредиле воздушниот простор на Турција е искористен за НАТО да се вклучи во медиумска војна против руските антитерористички операции во Сирија, изјави рускиот амбасадор во НАТО, Александар Грушко.
– Кампањата има цел да ја наруши и да ја искриви претставата за целите на операциите што руските воздухопловни сили ги спроведуваат во Сирија – рече Грушко, додавајќи дека НАТО ги игнорирала објаснувањата на Москва за инцидентите.
– Сите обиди да се објаснат причините за овој инцидент наидоа на неразбирање бидејќи генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја опиша ситуацијата како „неприфатливо нарушување на турскиот воздушен простор“ – истакна рускиот амабасадор.
Русија вчера призна дека нејзин борбен авион го нарушил воздушниот простор на Турција. Руското министерство за одбрана соопшти дека инцидентот се случил поради лошите временски услови.