Македонија МОН: Учениците да имаат скратени часови поради високите температури

МОН: Учениците да имаат скратени часови поради високите температури

Остануваат само уште три дена до крајот на учебната година, која за првпат завршува една недела подоцна од вообичаено, односно на 17-ти јуни

Фото: Petra from Pixabay

Основните училишта да работат со скратени наставни часови до крајот на учебната година поради високите температури кои ја зафатија државата, препорачува Министерството за образование и наука (МОН).

Од министерството препорачуваат: основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, притоа внимавајќи да се запази суштината на наставната материја која се изучува; училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат; да се насочуваат учениците да консумираатпоголемо количество на вода и да им се препорачува на учениците да не консумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Остануваат само уште три дена до крајот на учебната година, која за првпат завршува една недела подоцна од вообичаено, односно на 17-ти јуни.

Од МОН информираат оти препораките се согласно Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.