Македонија МОН: Нема наредба за учење во сабота

МОН: Нема наредба за учење во сабота

Министерството за образование и наука информира дека сè уште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде во изминатиот период имаше бојкот на наставата.

„Тоа се однесува и на плановите што ги подготвија и ги доставија училиштата од општина Куманово, каде одлуката за одржување настава во текот на утрешниот ден е иницијатива само на локалната самоуправа и на директорите на училиштата на нејзина територија. Во таа насока, апелираме до директорите и до училишните раководства да се воздржат од самоиницијативност и од носење лични одлуки за одработување на пропуштените наставни денови, додека не добијат официјални насоки од Министерството за образование и наука“, се вели во соопштението од МОН.