Хроника Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во Припор

Момче и девојка пронајдени мртви во гаража во Припор

Момче и девојка на возраст од 23 години, вчера доцна попладне биле пронајдени мртви во паркирано возило во гаража, во скопската населба Припор, пренесуваат медиумите.

Нивните безживотни тела биле најдени во автомобил „опел корса“, во гаража на улицата Христо Татарчев, а според привичните неофицијални информации, причина за смртта најверојатно е труење од издувните гасови од возилото.

Надлежните органи синоќа извршиле увид на местото, а телата на момчето и на девојката се предадени за обдукција.