Македонија Могерини: ЕУ ќе го поздрави успехот постигнат со Договорот од Преспа

Могерини: ЕУ ќе го поздрави успехот постигнат со Договорот од Преспа

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, порача дека министрите ќе го поздрават историскиот успех што го постигнаа двете страни со Договорот од Преспа.

Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, посочи Могерини пред почетокот на состанокот, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Мислам дека сите ќе бидат среќни што ќе можеме да започнеме со нешто постигнато после толку работа, благодарение на импресивното лидерство, храброст и одлучност на лидерите и на народите на двете земји – изјави шефицата на европската дипломатија.