fbpx

И лица во Грција кои работат против Договорот од Преспа, може да се најдат на црна листа на САД

-

Oние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе можат да се најдат на црна листа на САД, изјави за „Гласот на Америка“ портпаролот на Стејт департментот.

„Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат, под услов да ги исполнуваат релевантните критериуми за таргетирање,“ изјавил портпаролот на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето, дали администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, конкретно од Грција, која е потписник на Преспанскиот договор, поради што и подлежи на одредени обврски за негова имплементација.

Инаку Белата куќа објави дека претседателот Џо Бајден потпишал извршна уредба со којашто на црна листа се ставаат голем број политички и други фигури што ги подриваат мирот, стабилноста, демократијата и територијалниот интегритет на земјите на Западен Балкан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...