Спорт Модриќ нема да се оперира

Модриќ нема да се оперира

Хрватскиот фудбалер се повреди за време на натпреварот на репрезентацијата на Хрватса со Италија

Лука Модриќ веројатно следните два месеци ќе ги мине надвор од теренот за да избегне операција.

Лекарскиот тим на Реал Мадрид ја поддржа одлуката на хрватскиот репрезентативец и подготви план за закрепнување.

Модриќ се повреди во Милан, играјќи за репрезентацијата против Италија. Тој го напушти теренот по 27 минути, откако ги истегна препоните.

Во клубот сега се грижат како паралелно да ја задржат физичката форма на својот плејмејкер, а истовремено да ја одржат и неговата психичка состојба. Реал подготвил тим психолози кои ќе му помогнат на Модриќ да се фокусира на заздравувањето.

Модриќ сезонава играше во сите 13 натпревари на Реал Мадрид, а постигна и еден гол.