Култура МНТ в недела ќе ја одбележи годишнината од работата во новиот објект

МНТ в недела ќе ја одбележи годишнината од работата во новиот објект

По повод одбележувањето на една година од работата во новиот објект, Македонскиот народен театар (МНТ) в недела ќе приреди целодневна програма, во рамките на која ќе се одржи голем театарски маратон.

Централен дел од маратонот ќе биде големиот концерт, насловен „МНТ и пријателите“, закажан за 21.30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од насамблот на МНТ и актери гости од други театри.

Билетите за секоја претстава и за концертот се со симболична цена од 50 денари.

Првата година на МНТ во новиот објект ја одбележаа повеќе од 150 претстави, кои ги проследиле околу 83.000 посетители.