Економија ММФ прогнозира пораст од 3,8 проценти за Македонија

ММФ прогнозира пораст од 3,8 проценти за Македонија

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира пораст на економијата на Македонија за 3,8 отсто за оваа година.

Со оваа прогноза Македонија се најде на второ место меѓу земјите од регионот, зад Црна Гора, за која се прогнозира пораст од 4,7 отсто.

За годинава, ММФ очекува дека Македонија ќе ја заврши со стапка на инфлација од 0,1 отсто, а следната година земјава ќе има повисока стапка на инфлација, од 1,3 отсто.

ММФ за наредната година за Македонија прогнозира пораст од 3,9 проценти.