Економија ММФ го почна процесот за пополнување на челната функција

ММФ го почна процесот за пополнување на челната функција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) од денеска ги прима кандидатурите за свој нов директор во рамки на отворениот процес, иако директорката Кристин Лагард рече дека е подготвена за уште еден мандат на чело на институцијата.

Нејзиниот прв петгодишен мандат истекува на 5 јули, а на таа позиција во ММФ е избрана во 2011 година.

Дотогашниот директор, Доменик Строс-Кан, беше принуден да поднесе оставка поради секс-скандал.