Хроника Млади кумановци осомничени за разбојништво

Млади кумановци осомничени за разбојништво

Шест момчиња од Куманово, од кои едно е малолентик, се осомничени дека на почетокот на овој месец ограбиле странски државјанин на улица во градот.

Како што информираат од МВР, против осомничените, кои се на возраст од 17 до 21 година, била поднесена пријава за разбојништво.

Според полицијата, осомничените на 5 јануари, на улицата Доне Божинов, со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над германскиот државјани И.Б. (34), од кого одзеле 2.000 денари.