Култура Млади балкански дизајнери со изложба во Скопје

Млади балкански дизајнери со изложба во Скопје

Една од најзначајните изложби „Млади балкански дизајнери“ (Young Balkan Designers) која го обединува секторот за дизјан од регионот, ќе биде повторно претставена за време на одржувањето на „Скопска недела на дизајнот“ (Skopje Design Week) од 23 до 27 ноември во „Јавна соба“.

Темата на изложбата оваа година е со наслов „Њу аналог“ (New Analogue) и ќе донесе продукти што го содржат човечкиот допир со процесот на дизајнирање и производство, поврзувајќи го со материјалите, занаетите и со техниките на изработка што се дел од културната традиција на Балканот.

На изложбата ќе бидат претставени 15 иновативни решенија на младата дизајнерска сцена.

Пред да биде изложена на „Недела на дизајнот Скопје“, изложбата беше претставена на фестивалот „Индиго“ во Љубљана.