Спорт Митревски потпиша за Бенфика

Митревски потпиша за Бенфика

Никола Митревски и официјално е нов член на португалскиот гигант Бенфика, откако голманот на Металург реши да си замине од редовите на клубот од Автокоманда и да замине на „печалба“, пренесе „Екипа“.

За услугите на Митревски сериозно заинтересиран беше и македонскиот вицешампион Зомимак, но репрезентативецот, сепак, се реши за интернационален предизвик.

Трансферот на овој 29-годишен чувар на мрежата денеска беше потврден и на официјалната веб-страница на Бенфика, а Митревски не го крие задоволството по потпишаниот договор за соработка.

– Доаѓам во еден од најдобрите и најголемите клубови во Португалија, колектив со богата историја. Бенфика сака да направи прогрес, да стане шампион, а јас доаѓам за да помогнам да се оствари тоа. Мислам дека навивачите во Португалија се многу слични по менталитетот со оние од Македонија – изјави Митревски за официјалната страница на својот нов клуб.