Македонија Митко Чавков на „Фејсбук“ се пофали дека присуствувал на обука на специјалците

Митко Чавков на „Фејсбук“ се пофали дека присуствувал на обука на специјалците

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, на својата официјална фејсбук-страница денеска и вчера се пофали дека бил на вежбата на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и објави фотографии, а денеска и седумминутна видеоснимка со многу пукање.

ЕБР на полигонот Пенуш, близу Штип, во рамки на редовните обуки за специјалните полициски единици во МВР, имала обука за гаѓање со оклопни транспортери.

Чавков, кој на функцијата дојде од местото министер за внатрешни работи, честопати објавува видеоснимки од обуките на ЕБР.