Македонија Мирјана Кузмановска и Иван Иванов ќе ги заземат местата на Бонева во...

Мирјана Кузмановска и Иван Иванов ќе ги заземат местата на Бонева во Собранието

Пратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, која ќе биде партиски член на Државната изборна комисија, во собраниските клупи ќе биде заменета од Мирјана Кузмановска, која е следна на пратеничката листа во четвртата изборна единица.

Местото во Анкетната комисија за скандалот со прислушуваните разговори ќе го заземе пратеникот Иван Иванов од ВМРО-ДПМНЕ.