Економија Миноски: СДСМ да се откаже од платформата, па ќе ја поддржиме и...

Миноски: СДСМ да се откаже од платформата, па ќе ја поддржиме и нивната економска програма

„Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на тиранската платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ. Таа, покрај неспособноста на СДСМ за позитивни економски резултати, ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ако СДСМ се откаже од платформата“, рече на прес-конференција денеска Кирил Миноски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на прес-конференцијата на Драган Тевдоски, претседател на комисијата за економија на СДСМ.

– Економската програма на СДСМ е добро позната за граѓаните на Република Македонија. Познати се времињата на највисока стапка на невработеност во светот од 38 отсто. Познати се времињата на криминалната приватизација во која најмалку 250.000 граѓани беа избркани од своите работни места. Познати се ветувањата и за секој вработен од едно семејство. Дури и ваквата економска програма на СДСМ ќе биде поддржана доколку одлучно се откаже од прифаќањето на тиранската платформа, која, уште еднаш повторувам, значи разнебитување на унитарниот карактер на Република Македонија – рече Миноски.