Македонија Министрите од ДУИ ги потпишаа условените оставки

Министрите од ДУИ ги потпишаа условените оставки

Од СДСМ вчера изјавија дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

Фото: Официјален профил на Фејсбук на Артан Груби

Министрите од ДУИ Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири ги доставиле оставките до премиерот Димитар Ковачевски, соопштија тие преку социјалните мрежи. 

„Како носител на важна јавна функција, свесен за благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина која несомнено има свое место во големото европско семејство, имајќи го предвид името на политичкиот субјект што го претставувам и кој во принцип ја има интеграцијата на земјата во НАТО, ЕУ и блискиот и близок однос со САД, а со оглед на неповолната состојба на опозицијата да гласа за уставни измени во Собранието, свесни за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Ви ја доставувам, почитуван премиере, мојата оставка од функцијата вицепремиер и министер за политички систем и меѓуопштински односи, која ве молам да ја активирате откако опозицијата ќе изгласа и измените ќе стапат на сила уставните предлози во Собранието“, стои во оставката на првиот вицепремиер Артан Груби. 

Во оставката пишува дека се чувствува горд и почестен поради вербата на лидерот Али Ахмети, ДУИ и граѓаните, како и довербата на Ковачевски да биде дел од „владиниот реформативен и интегративен Кабинет и поради можноста да им служи на граѓаните“.

И министерот за економија Крешник Бектеши ја постираше својата оставка на социјалните мрежи.

Во политичките кругови има различни толкувања по поднесувањето на условени оставки од министрите и владините функционери на ДУИ. Од СДСМ вчера изјавија дека по потегот на ДУИ, сега на ред е Христијан Мицкоски за да одлучи дали е за ЕУ или за изолација. Од ВМРО-ДПМНЕ пак посочуваат дека нивната позиција е јасна, односно дека уставни измени ќе нема. Арбен Таравари, пак, потегот на ДУИ го оцени како детска игра.

Условените оставки на министрите на ДУИ наидоа на различно толкување кај партиите