Македонија Министерот за одбрана Мисајловски се сретна со новиот евроамбасадор Рокас

Министерот за одбрана Мисајловски се сретна со новиот евроамбасадор Рокас

Мисајловски и Рокас разговараа за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на ЕУ, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ

Фото: Министерство за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски се сретна со новиот евроамбасадор Н.Е. Михалис Рокас.

Мисајловски и Рокас разговараа за интензивирање на соработката со Европската унија во безбедносната и одбранбена политика на ЕУ, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ.

Министерот му посака успешна дипломатска мисија на евроамбасадорот и упати благодарност до Европската Унија за последниот пакет на помош од 13 милиони евра, кој се финансира во рамките на Европскиот мировен фонд и ќе придонесе за зајакнување на способностите и капацитетите на Армијата.

„Во однос на нашето учество во мисиите и операциите на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Унијата и во борбените групи на Унијата, министерот потенцира дека со поддршката од ЕУ се зајакнуваат и капацитетите на државата и нашиот придонес кон глобалниот мир и безбедност“, стои во соопштението на министерството.