Проверка на факти Министерот Шала не ја кажува вистината за инцидентот со новинарот

Министерот Шала не ја кажува вистината за инцидентот со новинарот

Во вторникот навечер (17.12.2019), новинарот на порталот „ИндексОнлајн“ пријави во косовската полиција дека бил физички нападнат од актуелниот Министер за трговија и индустрија, Ендрит Шала, откако тој бил сликан додека посетил негов близок во болница. Шала од друга страна, изјави дека помеѓу него и новинарот имало само вербален конфликт и дека во никој случај не го удрил новинарот,  а ниту знаел дека човекот е новинар.

Според проверката на БИРН Косово, конфликтот меѓу актуелниот министер Ендрит Шала и новинарот не е само вербален. Во ексклузивната снимка објавена на KALLXO.com, министерот Шала се гледа како го удира новинарот на порталот ИндексОнлајн, Енсар Рамадани. Во врска со овој случај, обвинителот Бесим Келменди кој е координатор во Кабинетот на главниот државен обвинител за прашања за напади и закани против новинари, покренал истрага за овој случај.

Па така, оваа изјава на Шала БИРН Косово го оценува како невистина.