Економија Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Индустриското производство лани, во однос на 2016 година е зголемено за 0,2 проценти објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во декември лани во однос на истиот месец во 2016 година, бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,2 проценти.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред се, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на тутунски производи, на облека, на други неметални минерални производи и производство на метали.