Свет Балкан Милановиќ: И понатаму бараме информации за Салопек

Милановиќ: И понатаму бараме информации за Салопек

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ тврди дека, и натаму се „копаат и бараат“ дополнителни информации во врска со случајот Томислав Салопек, за кој џихадистите на Исламската држава тврдат дека го убиле.

– Искуството во вакви ситуации вели дека, никогаш ништо не можете да кажете со стопроцентна сигурност,- изјави Милановиќ при посетата на островот Хвар.

На хрватските граѓани кои заминуваат на работа во странство им порача да се чуваат.

– Чувајте се, бидејќи осигурувањето на луѓето од страна на работодавците во вакви случаи, не значи ништо, – предупреди Милановиќ.

Исламската држава тврди дека Салопек, кој беше киднапиран на 22 јули е погубен, но ниту хрватските, ниту египетските власти немаат официјална потврда за тоа.