Спорт Милан се засилува со Дестро

Милан се засилува со Дестро

Напаѓачот на Рома, Матија Дестро, е најновото засилување на Милан во јануарскиот преоден рок, јавуваат италијанските медиуми.

Дестро и претходно беше повикуван во Милан, а се шпекулира дека Италијанецот ќе дојде на шест месеци како позајмен играч.

„Росонерите“ за позајмницата ќе платат 700.000 евра, а летово Милан за напаѓачот ќе доплати уште 16,5 милиони евра. Иако вкупниот трансфер изнесува повеќе од 17 милиони евра, ова е голема отстапка за римјаните, кои првобитно бараа два милиони евра обесштетување за позајмицата на Дестро.