Хроника Мигранти пријавиле дека биле ограбени од мигранти

Мигранти пријавиле дека биле ограбени од мигранти

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, во транзитниот камп за мигранти во Табановце, пристигнале шест странски државјани, кои рекле дека се од Ирак и пријавиле дека врз нив претходниот ден било извршено разбојништво во кумановското село Лојане, информираат од полицијата.

Според изјавите што ги дале на полицијата, разбојништвото го извршиле лица од Пакистан кои престојувале во Лојане. Тие, според пријавата, им се заканувале на шестмината Ирачани, а потоа им одзеле од 1.000 до 2.000 евра од секое лице посебно.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.