Свет Европа МИ5: Сириските исламисти подготвуваат напади на Запад

МИ5: Сириските исламисти подготвуваат напади на Запад

Шефот на британското внатрешно разузнавање МИ5, Ендрју Паркер, изјави дека сириска исламистичка група подготвува големи атентати на Запад.

Според Паркер, нападите може да бидат изведени од борците на различни групи, кои се враќаат од Сирија, а кои се поврзани со Исламска држава или со Ал Каеда.

Шефот на МИ5 исткна дека ИД се заканува со убивање Британци во Сирија, но и со регрутирање нови членови преку социјалните мрежи за вршење напади во Британија.

Британските безбедносни служби досега спречиле неколку напади, а по масакрот во парискиот сатиричен неделник „Шарли ебдо“, ги зголемија безбедносните мерки на границите и на аеродромите.