fbpx

МИ5 поведе внатрешна истрага по нападот во Манчестер

-

Британската разузнавачка служба МИ5 отвори истрага поради своите безбедносни пропусти за навремено реагирање на предупредувањата за бомбашот самоубиец од Манчестер, соопшти британската министерка за внатрешни работи, Амбер Руд.

Британскиот јавен сервис „Би-би-си“ претходно објави дека МИ5 најмалку трипати добила предупредување за екстремистичките ставови на бомбашот самоубиец Салман Абеди, кој минатата недела се саморазнесе во „Манчестер арена“, при што загинаа 22 лица, од кои седум деца.

Руд во интервју за „Скај њуз“ изјави дека внатрешната истрага во МИ5 е „вистинскиот прв чекор“ во учењето на лекциите од минатонеделниот терористички напад.

– Во моментов постојат голем број информации кои доаѓаат однадвор за тоа што се случило, како се случило, што можело или не можело да се знае. Сметам дека е исправно МИ5 да ги анализира фактите – рече Руд.

Утринава во Западен Сасекс е уапсено 23-годишно момче, осомничено за поврзаност со терористи, а манчестерската полиција синоќа извршила апсења на уште две локации во областа Манчестер и во Честер.

Досега 14 мажи се повикани на сослушување во врска со истрагата за нападот, во која се ангажирани околу илјада луѓе. Досега се уапсени 16 лица осомничени за терористичкиот напад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...