Технологија „Месинџер“ на „Фејсбук“ има 500 милиони активни корисници

„Месинџер“ на „Фејсбук“ има 500 милиони активни корисници

Фејсбук објави дека нивната апликација „месинџер“ достигнала 500 милиони активни корисници месечно. Користењето „месинџер“ драстично се зголеми летово откако „Фејсбук“ почна да ги принудува корисниците да ја симнат апликацијата за да испраќаат приватни пораки на пријатели наместо да ја користат главната апликација на „Фејсбук“. Во април компанијата објави дека „месинџер“ има околу 200 милиони корисници, што значи дека апликацијата има голем пораст на корисници во последните неколку месеци.