Свет Европа Меркел: Воените акции во Сирија се граничат со воени злосторства

Меркел: Воените акции во Сирија се граничат со воени злосторства

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека некои од воените акции во Сирија се граничат со воени злочини.

Меркел додаде дека бомбардирањето на болници и на подземни објекти во Алепо се нехумани.

– Мислам дека тоа се граничи со воени злосторства, а дали се навистина тоа нека одлучи Меѓународниот суд на правдата. Сега единствено важно е сето тоа да запре и да се премине на политички процес – изјави канцеларката.

Коментирајќи ги разговорите помеѓу Русија и САД, Меркел рече дека досегашните разговори, за жал, не довеле до траен прекин на огнот.