Свет Европа Меркел: Целта е Крим да ѝ се врати на Украина

Меркел: Целта е Крим да ѝ се врати на Украина

По разговорот во Берлин со украинскиот претседател Петро Порошенко, германската канцеларка Ангелка Меркел рекла дека анексијата на Крим од 19 март 2014 година била кршење на меѓународното право, што го доведе во прашање мирниот поредок во Европа.

„Важно е да работиме на мирно решение и да не застанеме сè додека повторно не се воспостави целосен суверенитет и територијален интегритет на Украина, што, секако, го вклучува и Крим“, рече Меркел.

Таа истакнала дека Европската унија е подготвена да ѝ воведе нови санкции на Русија поради нејзините постапки во Украина, ако тоа биде неопходно.

„Ние не го сакаме тоа. Но, ако нема друг начин, тогаш тие ќе мора да бидат спроведени“, наведе германската канцеларка.