Технологија Гаџети „Меркат“ отсега и на „Фејсбук“

„Меркат“ отсега и на „Фејсбук“

Изминатите неколку недели со неверојатна брзина се зголеми популарноста на апликацијата „меркат“, која служи за стриминг-видеосодржини од мобилен на „Твитер“.

Набргу по успехот на „меркат“, и „Твитер“ излезе со своја апликација за истата намена, наречена „перископ“, поради што „Меркат“ одлучи малку да ја измени стратегијата.

Со најновото ажурирање на апликацијата на оперативниот систем „иОС“, овозможено е поставување на стриминг-канал и на „Фејсбук“, а најавувањето ана„меркат“ сега е можно преку мрежата, без притоа да се има профил на „Твитер“. Покрај оваа новост, новата верзија на „меркат“ овозможува и поврзување со именикот на телефонот, па така е олесното пронаоѓањето на публика за стрим-содржините.