Македонија Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Медиумите потпишаа Повелба за етичко известување на изборите

Денеска, во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје, новинари и уредници од поголемите медиуми во Македонија потпишаа Повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

На потпишувањето на повелбата присуствуваа и евроамбасадорот во Македонија, Аиво Орав, амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, и холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп.

Повелбата ја потпишаа сите национални телевизии, поголеми весници и портали во Македонија.

„Ние, ноовинарите, уредниците и раководството на медиумите, почитувајќи го правото на јавноста да биде објективно, вистинито и навремено информирана и имајќи целосна одговорност и свесност за улогата на медиумите околу претстојните парламентарни избори во државата, ја прифаќаме оваа Повелба“, стои во документот.