Главна секција Mедиумите ќе потпишат повелба за етичко известување за изборите

Mедиумите ќе потпишат повелба за етичко известување за изборите

Денеска, во 12 часот, во просториите на ЕУ-инфоцентар во Скопје, ќе се потпише повелба за етичко известување за изборите, во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Потпис на повелбата ќе стават медиумите што ја прифатиле нејзината содржина и кои преку тоа се залагаат за афирмирање на етиката и на професионалноста во известувањето.

На настанот, покрај претставници на медиумите, ќе присуствуваат и претставници на меѓународната заедница во земјава.

Повелбата се потпишува во моментот додека траат разговорите на политичките партии за реформи во медиумите, но засега без поголем успех.