Хроника Медицинска сестра осомничена за злоупотреба

Медицинска сестра осомничена за злоупотреба

Медицинска сестра, вработеа во Клиничката болница во Битола, е осомничена дека во компјутерската евиденција внесувала помала сума  пари од таа што им ја наплаќала на пациентите, а разликата ја присвоила за себе, информираат од МВР.

СВР Битола против осомничената Ј.Х.П. (32) поднел кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата, осомничената во ноември и во декември минатата година, во одделението за физикална медицина и рехабилитација на битолската клиничка болница, на 10 лица, на кои има била препишана терапија, им подготвила пресметки во износ од 350 денари, а во компјутерската евиденција внела износ од 40 денари. Разликата од 3.100 денари, според полицијата, таа ги присвоила за себе.