Хроника Маж од Македонски Брод силувал малолетничка

Маж од Македонски Брод силувал малолетничка

Полициската станица Македонски Брод поднесе кривична пријава против И.М.(41) поради постоење основи за сомневање дека силувал малолетничка, соопштуваат од МВР.

„И.М. на 31 март 2015 година, со измама и со употреба на физичка сила, однел малолетничка во Пласница и во периодот од 23 часот на 31 март 2015 година до утринските часови на 1 април 2015 година, по пат на употреба на сила и на закана, без согласност на оштетената, извршил полов напад и физичко насилство. Откако го извршил делото, со возило ја вратил оштетената до Македонски Брод и ја оставил на патот“, велат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.