Македонија Матурантите денеска екстерно ќе се тестираат

Матурантите денеска екстерно ќе се тестираат

Денеска почнува екстерното тестирање на матурантите, кое ќе трае до петок.

Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матурант, според податоците од Државниот испитен центар.

Сите пријавени матуранти ќе полагаат тестови од два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред денот на полагањето.

Од Државниот испитен центар изјавија дека прелиминарните резултати се очекуваат за 8 февруари.

Незадоволните матуранти ќе имаат право да поднесат приговор до 10 февруари. Матурантите ги имаа прашањата по сите предмети од почетокот на оваа година.