Хроника Машки труп и превртен автомобил најдени во бездна на патот Гостивар –...

Машки труп и превртен автомобил најдени во бездна на патот Гостивар – Кичево

Безживотно тело на маж и автомобил „шкода октавија“ изутринава биле најдени во длабока бездна покрај магистралниот пат Гостивар – Кичево.

Случајот, околу 10 часот, во полиција го пријавиле вработени во гостиварската секција на „Македонија пат“. Според пријавата, тие од десната страна на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај сепарациите, во длабока и тешко достапна бездна, обрасната со дрвја, забележале автомобил „шкода октавија“, покрај кој лежело безживотно тело на маж, чиј идентитет е сè уште непознат.

Јавен обвинител, увидна екипа на полицијата и лице од судска медецина сè уште се на местото и вршат увид.

Според неофицијални информации, покрај возилото била најдена патна исправа на лице од Скопје.

Телото, на кое, според неофицијални информации, недостигал дел, по наредба на јавен обивнител ќе биде дадено за обдукција, и се преземаат мерки за утврдување на времето, околностите и на причините за излетувањето на возилото и за утврдување на идентитетот и на причините за смртта мажот.