fbpx
Таг: МагистраленПат

таг: МагистраленПат

Девојче прегазено на Стража

Дваесет и седумгодишниот И.Б. од Тирана, со автомобил „опел астра“ со кичевски регистерски таблички, удрил во 16-годишното девојче од Чегране. Сообраќајната несреќа се случила вчера попладне, на магистралниот пат Гостивар - Кичево, на Стража, пред бензинската пумпа на „Лукоил“, пишува „Прес 24“. Возачот на „астрата“ веднаш ја однел повредената малолетничка во гостиварската болница.

Шлепер со македонски ознаки се превртел кај Врање

Камион шлепер со македонски регистерски ознаки утрово се превртел на магистралниот пат Врање - Владичин Хан, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на информации од полициската управа во Врање. Оттаму информираат дека во сообраќајната несреќа нема повредени и дека била причинета мала материјална штета. Први на помош на возачот на превртениот шлепер му пришле работниците на грчката фирма „Терна“, чиј камп со...

Машки труп и превртен автомобил најдени во бездна на патот Гостивар – Кичево

Безживотно тело на маж и автомобил „шкода октавија“ изутринава биле најдени во длабока бездна покрај магистралниот пат Гостивар - Кичево. Случајот, околу 10 часот, во полиција го пријавиле вработени во гостиварската секција на „Македонија пат“. Според пријавата, тие од десната страна на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај сепарациите, во длабока и тешко достапна бездна, обрасната со дрвја, забележале автомобил „шкода...

Жителите на Требеништа бараат да им се санира магистралниот пат

Жителите на селото Требеништа бараат надлежните да ги санираат оштетените браници на магистралниот пат Кичево - Охрид, кој минува покрај селото. Велат дека приоритет се заштитните браници и металната ограда кај надвозникот на локалниот пат што води кон селото Требеништа, кои биле оштетени во јуни. - Патот кој води до Требеништа е навистина фреквентен, постојано се движат возила и луѓе,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...