Македонија Маратонци пред Владата трчаа за социјална правда

Маратонци пред Владата трчаа за социјална правда

На чело со Борко, кучето демонстрант, дваесетина маратонци околу Градскиот ѕид трчаа за социјална правда.

Маратонците истрчаа вкупно 21 круг.

Освен маратонот, денеска пред Владата се одржа и трибина „Социјално претприемништво – можност за вработување на тешко вработливи лица“. На трибината зборуваа Ана Филиповска, Сократ Манчев и Александар Колекески.

Свое обраќање на слична тема имаа и Дороти Пачкова, Љуљета Адеми и Мила Царовска.

Невладината организација „Цивил“ организираше изложба „Сите бои на слободата“.

За забава на присутните, музика пушташе и Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ.

Шилегов за првата песна „Зеница“ од групата „Забрањено пушење“ рече дека ја пушта со посвета.