Дописници Манифестација посветена на браќата Миладиновци ќе се одржи во Осиек

Манифестација посветена на браќата Миладиновци ќе се одржи во Осиек

По повод 155 години од објавувањето на „Зборникот“ на браќата Миладиновци, во Осиек, Хрватска, денеска почнува  манифестацијата „19. Денови на браќата Миладиновци“, во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска.

Денеска во Осиек ќе биде промовирана книгата „Македонски бои во славонска рамница, траги на сеќавањата“ од Јагода Тренеска-Цветичанин.

Активностите продолжуваат и в сабота, 18 јуни, кога меѓу другото, ќе се организира посета и разгледување на музејот на Јосип Јурај Штросмаер, кој го помогнал издавањето на Зборникот на браќата Миладиновци.

На манифестацијата  „Фолклорни игри“ ќе настапи  КУД „Браќа Миладиновци“ од Осиек.