Проверка на факти Маневски ги смеша датумите: Македонија падна на индексот на корупција во време...

Маневски ги смеша датумите: Македонија падна на индексот на корупција во време на ВМРО-ДПМНЕ!

За само осум месеци од доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата со ДУИ, Македонија падна во однос на индексот на корупцијата од 66-то место на 90-то место. Тоа е влошување за цели 24 места, со што Република Македонија се става во друштво со некои африкански држави.

Оваа изјава на актуелниот советник во Град Скопје и поранешен министер за правда од ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски, а дадена на прес-конференција на партијата, е комплетна невистина, оценува „Вистиномер“.

И тоа станува збор за невистинити податоци кои се откриваат како такви за само 30 секунди. Едноставно, кога ќе отидете на веб-страницата на „Транспаренси Интернешнл“, невладина организација која ја мери перцепцијата за постоење на корупција во 176 земји на светот, веднаш се гледа дека последното рангирање е објавено на 25 јануари 2017 година и се однесува на 2016 година, односно кога на власт во Република Македонија беше влада составена од министри на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)