Хроника Малолетници нападнати во центарот на Скопје

Малолетници нападнати во центарот на Скопје

Двајца малолетници, на возраст од 17 години, вчераноќ биле физички нападнати од неколку засега непознати лица на улицата Црвена скопска општина, во центарот на Скопје, близу Камениот мост.

Според полициските информации, групата насилници, на 12 август, десетина минути по полноќ, физички ги нападнале В.К. (17) и М.А. (17), удирајќи ги по главата и по телото.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите.