Македонија Малолетничката од Велес која физички нападнала врсничка повикана на разговор во полиција

Малолетничката од Велес која физички нападнала врсничка повикана на разговор во полиција

Дванаесетгодишна малолетничка од Велес вчера физички нападнала малолетно девојче од 11 години, а случајот бил пријавен во СВР Велес, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во полициска станица, во присуство на родител и социјален работник, бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните“, соопшти МВР.

Покрај ова, се преземаат и дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И.(39) од Велес поради негрижа за дете.