Хроника Малолетен беровец фатен во полициска заседа

Малолетен беровец фатен во полициска заседа

Во неделата вечерта, малолетник бил фатен во полициска заседа додека се обидувал да украде икона од објект во Берово, информира МВР.

Според полицијата, во неделата, околу 21.30 часот, екипи на регионалниот центар за гранични работи Исток и на СВР Штип поставиле заседа во објект на поранешена банка во Берово. Полицајците го затекнале беровецот Е.Е. (16) како се обидува да украде икона, на која во длабока резба била претставена „Тајната вечера“.

Од МВР информираат дека по документирањето на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.