Економија Мало зголемување на трошоците за живот во април во однос на претходниот...

Мало зголемување на трошоците за живот во април во однос на претходниот месец

Трошоците за живот во април годинава во однос на претходниот месец се поголеми за о,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,5 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Порастот е резултат на повисоките цени на свежото и на разладеното овошје за 4,8 проценти, сушениот зеленчук за 1,4 отсто, на алкохолните пијалаци 0,4 отсто и друго.

Во април годинава, исто така, пораст на индексите на трошоците за живот е забележан и кај течните горива и мазива за домаќинствата за 5,5 проценти, патниот сообраќај за 4,9 проценти, течните горива за домаќинствата за 4,4 проценти, туристичките аранжмани и социјалната заштита за 3,7 проценти.

Трошоците на животот во април 2016 година, во споредба со истиот месец лани, бележи намалување од 0,7 отсто, а цените на мало се намалени од 0,6 отсто.