Македонија Македонците најмногу се жалат за лажните профили на „Фејсбук„

Македонците најмногу се жалат за лажните профили на „Фејсбук„

Минатата година Македонците најмногу се жалеле за злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи. Тие најмногу поплаки имале за лажните профили на „Фејсбук“ или за тоа дека профилот им бил хакиран, информираат од Дирекцијата за заштита на лични податоци, која примила вкупно 370 претставки за злоупотреба на личните податоци, од кои 341 се завршени, а 29 се во тек.

Дирекцијата примила 370 претставки, од кои 126 за креирање лажни профили на „Фесјбук“, 51 за злоупотреба на лични податоци од органите на државната управа, 45 за хакирани профили на „Фејсбук“, 24 за злоупотреби на интернет, 13 за видеонадзор, 10 за креирање лажен профил на „Фејсбук“ за малолетно дете и исто така 10 за другите социјални мрежи.