Македонија Македонското друштво „Илинден“ повика на голема излезност и успешни избори

Македонското друштво „Илинден“ повика на голема излезност и успешни избори

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана порача дека очекува успешни избори, позитивен процес и позитивна иднина за државата по изборите, како и успешно формирање на нова влада.

Од здружението велат дека денот на изборите на 11 декември е една од најважните крстосници за Македонија од нејзиното постоење како независна држава.

– Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња, ваквото право е, всушност, морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата кон вистинскиот пат како демократски и стабилен лидер во Балканот. Се надеваме дека преку овој важен настан, Република Македонија ќе чекори успешно и позитивно кон патот на Европската интеграција – се додава во соопштението на Македонското друштво „Илинден“.