Македонија Македонските мировници ја завршија ИСАФ, продолжуваат со „Одлучна поддршка“

Македонските мировници ја завршија ИСАФ, продолжуваат со „Одлучна поддршка“

Во Домот на АРМ во Скопје денеска свечено беше одбележано завршувањето на 12-годишната мировна мисија ИСАФ и почетокот на мисијата „Одлучна поддршка“ на припадниците на АРМ во Авагнистан и тоа преку обука, советување и асистенција на авганистанските безбедносни сили.

Почнувајќи од 2002 година, во рамките на турскиот контингент, во коалиција од педесетина земји, НАТО-сојузници и партнери, АРМ со околу 3.000 македонски мировници во мисијата ИСАФ, значително придонесе за зачувувањето на мирот и за изградбата на поразвиена демократија и поголема безбедност во Авганистан.

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски, по овој повод истакна дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО останува приоритет на Владата, на МО и на АРМ.