Македонија Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Бојмацалиев потсети дека иста ваква пракса е воспоставена со Србија, Албанија и со Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата

Фото: МВР

Македонските граѓани може да патуваат со лични карти во Босна и Херцеговина, изјави денеска дополнителниот заменик-министер Митко Бојмацалиев. Тој денеска разговарал со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, за патување во Босна и Херцеговина на граѓаните на Република Северна Македонија со лична карта.

„Разговаравме во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година“, рече тој.

Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу двете држави.

Потсети дека иста ваква пракса е воспоставена со Србија, Албанија и со Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.