Економија Македонски прехранбени производи изложени на саем во Мостар

Македонски прехранбени производи изложени на саем во Мостар

Македонски прехранбени производи се изложени на Саемот за храна во Мостар, кој се одржува од 4 до 8 април. На промотивен штанд на саемот, изложени се македонско вино, јагнешко месо, традиционално овчо сирење, домашен ајвар, лутеница, малиџано.

Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека на саемот се претставуваат повеќе од 800 изложувачи од 30 земји.

На отворањето на манифестацијата присуствувале голем број државници од регионот и од светот.