Економија Македонија според „Форбс“ е на 31. место за водење бизнис

Македонија според „Форбс“ е на 31. место за водење бизнис

Според извештајот за најдобри земји за водење бизнис во светот на финансискиот магазин „Форбс“, Македонија е рангирана на 31. место од 146 земји, што е подобрување од пет места во споредба со минатата година и за шест места во однос на 2012 година.

Најдобра земја за водење бизнис е Данска, која беше на прво место три години по ред, од 2008 до 2010. На второ место е Хонгконг, на трето Нов Зеланд, на четврто Ирска, на петто Шеведска.

Од земјите во регионот, Словенија е на 14. место, Бугарија на 42. позиција, Хрватска на 46. место, Црна Гора на 48. место, Грција на 51. позиција, Албанија на 58. место, а Србија на 84. позиција.

На дното на листата, како земји најнепогодни за бизнис се Гвинеја, Чад и Либија.