Главна секција Македонија на голем минус, жолта фаза во три региони

Македонија на голем минус, жолта фаза во три региони

Oд Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат многу нискa температурa, а три региони од земјава ќе бидат во жолтата, односно предупредувачка фаза.

Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево се прогласени за критични региони, а температурата во тие делови од земјава ќе се движи од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови.

Се очекува до крајот на неделата да преовладува пониска температура во овие региони.

Граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен, Берово, и др., треба да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниската температура, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно консумирање топли напивки, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.

Во согласност со препораките, посебно треба да внимаваат ранливите категории на население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.